Се породила во венчаница: Одбила да ја одложи свадбата иако почнала да се породува

Лиз и Марио Шлимон го добиле своето прво дете, Ева, на денот на својата свадба. Водењакот на Лиз пукнал ноќта пред венчавката. Ева се родила 11 дена порано, само осум часа по венчавката на своите родители.Најдобриот подарок кој Луз и Марио Шлимон го добиле на денот на венчавката е ќерката Ева, која е родена само осум часа по нивното венчавање.
Трудовите на Лиз Шлимон(39) почнале на 5. јуни, ден пред венчавката, но таа одлучила и покрај се да се појави пред олтар.
Нејзината бабица и рекла дека може да се омажи доколку во болница се појави најдоцна до 19 часот, без разлика на тоа што водењакот веќе пукнал.
Парот продолжил со своите планови, а Лиз дури била и на фризер.
Контракциите продолжиле наутро, а церемонијата доцнела поради тоа.
„Само си велев- издржи, издржи, мораш да издржиш“, вели таа.
Церемонијата била кратка, а потоа заминале на ручек.

„Не можев да седам. Келнерот беше загрижен, постојано се движеше околу мене и ми велеше дека се надева дека нема да се породам таму“, вели Лиз.

Во болницата Лиз и Марио пристигнале се уште облечени како младенци, а медицинскиот персонал почнал да аплаудира. Венчаницата набрзина и ја соблекле на Лиз неколку моменти пред Ева да се роди.
Ева е родена совршено здрава и немало проблеми за време на породувањето.
Најдобриот подарок кој Луз и Марио Шлимон го добиле на денот на венчавката е ќерката Ева, која е родена само осум часа по нивното венчавање.

Пронајдете не на следниве мрежи: