Се породило јагне со осум нозе и три очи

Јагне со осум нозе и три очи се објагни на фарма во Казахстан, а сопственикот во средата за локалните медиуми изјави дека е шокиран. „Овцата не можеше сето тоа сама да го направи(објагнувањето), и’ беше потребна помош, а кога на јагнето видов три очи и покрај тоа осум нозе, останав шокиран“, изјави сопственикот на чудното јагне Шакат Куандик Бекитаев, одгледувач на овци во северниот дел од поранешната советска република Казахстан. Ова е веќе вторпат тој да добие јагне со аномалија. Минатата година негова „овца се објагнила јагне со три нозе кое не преживеало“, вели Бекитаев кој веќе 18 години се занимава со одгледување овци. Според неговото мислење, аномалиите се последица на загадувањето на околината предизвикани од влијанието на хемиската фабрика во близината на неговото село“. Локалниот ветеринар на округот Иман Жумасанов, не е зачуден од овој случај. Тој се сеќава на чудото кога во советската ера во овој рурален крај се родило теле со три нозе. Бекитаев по објагнување на овцата и’ го дал името Долја, сметајќи дека таа е маченика на Алах. Тој решил да го закопа необичното јагне, иако соселаните го советувале да го балсамира бидејќи не се случува често да се роди сличен мутант со три очи.
МакфаксЈагне со осум нозе и три очи се објагни на фарма во Казахстан, а сопственикот во средата за локалните медиуми изјави д

Пронајдете не на следниве мрежи: