Собрани сме овде на Гумење каде пред 113 години е извршено пробното пукање од црешовото топче, на местото каде заседавал штабот на Горското начелство, на местото каде на 2 август 1903 година се одржала големата народна веселба по ослободувањето на градот, рече градоначалникот на Крушево и претседател на Културно-научните средби „10 дена Крушевска Република“, Ѓорѓи Дамчески синоќа на 49. свечено отворање на Манифестацијата.На отворањето со кревањето на бајракот, во присуство на Илинденските коњаници и со оддавање почит на знајните и незнајни јунаци, присуствуваше и премиерот Емил Димитриев.
Според Дамчески, без Илинден не ќе бевме Македонци, ниту државата ќе беше Македонија.
– Илинденската приказна жилаво опстојува и не опседнува, зашто не уверува дека иако сме мали можеме да кренеме глава, да пуштиме глас и да избориме прво на свое место под сонцето. Илинден е денот, а Крушево е местото од каде Македонија, како феникс од пепелта, се воздигна повторно. Крушевската Република е никулецот на македонската држава, нагласи Дамчески при отворањето на манифестацијата.
Според Дамчески, Република Македонија успеа да го надживее турболентиот период.
– Останавме верни на заветот врежан во Крушевскиот манифест, изграден врз темелите на вековната традиција на соживот и толеранција. Илинден е потсетување на пожртвуваноста на генерациите македонски родољуби, но и мотивација за оваа и идните генерации да се посветат на градење, чување и унапредување на бесценетата слобода на Македонија. Илинден е завет за вардење на идеалите, вредностите и принципите на македонските револуционери и претставува симбол, патоказ и инспирација за наредните генерации, истакнаа Дамчески.
Во своето обраќање до присутните, потпретседателот на Манифестацијата, Манојил Јаковлески рече дека Манифестацијата е време за оддавање почит на сите знајни и незнајни херои.
– „10 дена Крушевска република“ е време кога се потсетуваме на аманетот на нашите предци да ја чуваме нашата држава и да ја пренесуваме на нашите потомци. Повикот од Крушевскиот манифест беше пред своето време за да се обединат и да се сплотат сите обесправени. Денес, 113 години по Илинденското востание и 25 години од независноста сме исправени пред нови предизвици и затоа е битно да останеме обединети и единствени, рече Јаковлески.
Според Јаковлески историското искуство покажало дека секое надворешно вмешување довело до подлабоки поделби на македонското национано ткиво.
– Ако си ја растуриме куќата, најмалку е важно дали другите ќе ни речат браво или ќе ни се чудат, дали ќе не тешат или ќе ни се чудат. А Македонија во овие 25 години оддолеала на секакви притисоци, рече Јаковлевски нагласувајќи дека единственоста е пораката и заштитата од разнебитување на македонскиот народ и само сплотени се продолжуваат историските традиции и аманети од славните предци.
Делегации на Манифестацијата и на градот Крушево, како и Илинденските коњаници им оддадоа почит на загинатите борци. Цвеќе беше положено на криптата на илинденските востаници, пред бистата на Веле Марков, на гробот на Питу Гули, пред споменикот на партизанските гробишта и на гробот на Тоше Проески.
За почит кон борците беше и богатиот огномет и испукувањето од топчето на Гумење.
Манифестацијата им додели плакети на МВР-единицата за специјални задачи, постхумно на Даринка Петреска-Пачемска и на Македонската радиотелевизија.
На Гуење се одржа и културно-уметничка програма со концерт на Игор Џамбазов.На отворањето со кревањето на бајракот, во присуство на Илинденските коњаници и со оддавање почит на знајните и незнајни јунаци, присуствуваше и пр