Граѓанската асоцијација „Скопјанката Мајка Тереза“ од денеска до 5 септември ја организира Манифестацијата „Денови на св. Мајка Тереза“.Во рамки на манифестацијата денеска ќе биде положено цвеќе пред Спомен-плочата на местото на родната куќа на Мајка Тереза и ќе биде посетена нејзината спомен-соба во Феудалната кула.
Ќе се одржи и ликовна изложба од сликарите Живко Поповски-Цветин, Розе Мојсовска и децата со аутизам од Здружението „Во мојот свет“-Скопје, промоција на музички спот „Еден свет за сите“ од браќата Тавитијан и литературно читање на тема „Големото срце на Мајка Тереза“ со ученици од ОУ „Климент Охридски“ од Бутел.
За време на манифестацијата ќе биде одржана и крводарителска акција, света миса во Католичката црква во Скопје, како и доделување посланија за хуманост и статуетски со ликот на св. Мајка Тереза на хумани граѓани и здруженија.Во рамки на манифестацијата денеска ќе биде положено цвеќе пред Спомен-плочата на местото на родната куќа на Мајка Тереза и ќе биде посетена нејзин