Се предадоа киднаперите на либискиот авион

Премиерот на Малта Џозеф Мускат изјави денеска дека киднаперите на либискиот авион се предале.– Киднаперите се однесени во притвор, изјави Мускат.
Претходно Малтешката телевизија објави дека беа ослободени сите патници од авионот.
Во авионот А320 имало 111 патници и седум члена на екипажот.  Сите патници од авионот и членови на екипажот на Африкија Ервејз А320 што леташе од Себха кон Триполи во Либија, но беше принуден да слета на Малта, се ослободени.
Либискиот министер за надворешни работи Мохамед Тахер Сијала изјави дека двајцата киднапери побарале политички азил на Малта. Тој потврди дека кидннаперите се приврзаници на режимот на Гадафи и побарале да објават формирање либиска прогадафистичка политичка партија.– Киднаперите се однесени во притвор, изјави Мускат.
Претходно Малтешката телевизија објави дека беа ослободени сите патници од авион

Пронајдете не на следниве мрежи: