Се предвидува 2016 година да биде уште полоша од 2015.

Годината која е при крај, според сите параметри, беше „како од пеколот‟ за ЕУ, но следната може да биде уште полоша ако Британците гласаат за излез од Унијата, се наведе во анализата на агенцијата Ројтерс.Геополитичките темели на Стариот континент не биле вака разнишани уште од падот на Берлинскиот ѕид и општиот слом на комунизмот ширум источна Европа од 1989 година, наведе британската агенција.
Но, за разлика од таа 1989 година, кога потресите одеа во корист на Европската унија и ја зајакнаа како таква, кризата од 2015 година се заканува да го направи токму спротивното. Да ја разори Унијата и да ја остави во модринки, потиштена и преполна со нови бариери, се укажува во анализата на Ројтерс.
Падот на железната завеса доведе во рок од две години до создавање на единствена европска валута, а по 15 години и до ширење на Унијата на исток и НАТО се до границите на Русија, Украина и Белорусија.
Со тоа на некој начин се потврди предвидувањето на Жан Моне, првиот претседател на Европската заедница за јаглен и челик, кој рече дека обединета Европа ќе се роди од криза.
Поради овогодишните „политички и економски шокови‟ од приливот на бегалците, грчкиот долг, насилството на исламистите и руските воени акции, доведоа до повторно воведување на гранични контроли во многу места, јакнење на десничарските и антиевропските политички сили.
Жан-Клод Јункер, претставник на Европската комисија предупреди дека шенген зоната е загрозена и дека еврото најверојатно не би преживеало ако се затворат внатрешните граници.
Раздорот во ЕУ се отсликува и во инаетот на Ангела Меркел, некрунисаната кралица на Унијата. Меркел не наиде на голема поддршка од своите ЕУ партнери по прашањето за поделбата на товарот околу приемот на бегалците. Многумина инсистираа на тоа дека приоритет е да се „запечатат‟ надворешните европски граници, а не да се прифаќаат бегалците.
Некои партнери Берлин го обвинија и за лицемерие, поради енергетските врски со Русија, додека пријателите како што се Франција, Холандија и Данска едноставно се скаменети од порастот на десничарските антимиграциони сили.
Еден од проблемите кои најверојатно ќе се влоши идната година е тој што главните европски лидери политички се слаби и толку преокупирани со проблемите во своите земји, што не се во состојба да покренат потребна колективна акција, наведува Ројтерс.
Сепак, тешко дека на Европската унија како таква, би и одело подобро без „Mutti‟ (мамичка), како што ја нарекуваат дома Ангела Меркел.
Британија се повеќе се стреми кон излез од ЕУ, која очигледно сака да ги исполни условите кои Лондон ги постави со цел да добие поповластен статус во однос на останатите членки.
Ако втората најголема економска и воена сила во Европа прва го напушти ЕУ бродот, тоа би било силен и болен удар кој би одекнал во светски рамки.
„Брегзит‟ би можел да покрене барања за одржување на референдум и во другите земји, од Полска до Данска.Геополитичките темели на Стариот континент не биле вака разнишани уште од падот на Берлинскиот ѕид и општиот слом на комунизмот ширум источна Европ

Пронајдете не на следниве мрежи: