Се продава „Црната убавица“ од филмот „Зелен Стршлен“

Единствениот КрајслерИмперијал од 1965 година, изменет за филмот „Зелен стршлен“ и наречен „Црна Убавица“, ставен е на продажба.Во последно време, се ценат автомобилите „глумци“, поточно, возилата кои се прославиле во улога во холивудски спектакли. Еден од најновите „глумци“ на продажба е и Крајслер Империјал од 1965 година попознат како „Black Beauty“ автомобил од филмот „The green Hornet“, кој ќе се најде деновиве на аукција на познатата RR Auctiones од Америка.
Ова е еден од 29-те направени модели за споменатиот филм, а истовремено и еден од двата автомобила кои го„преживеале“ снимањето. Го движи оригиналниот Wedgehead V8 мотор со зафатнина од 413 кубни инчи( 6,8 литри), со поминати 71.421 миљи.

Од промените, тука се впечатливите два Browing M1919 калибар 7,62 милиметри,12 FIM-92А Stinger проектили во предниот и задниот „браник“, додека маската од ладилникот сокрива, ни помалу ни повеќе, туку фрлач на пламен М2! Секако тука се и карактеристичните фарови кои светат зелено.
„Црната убавица“ уште има и таканаречен „пеперутка“ начин на отварање на вратите(предната и задната врата делат ист столб), а крие и ротациона регистерска табличка во стилот на Џејмс Бонд.Во последно време, се ценат автомобилите „глумци“, поточно, возилата кои се прославиле во улога во холивудски спектакли. Еден од најнов

Пронајдете не на следниве мрежи: