Се продава познатиот автомобил на Бонд, „Астон Мартин“

Швајцарскиот бизнисмен, Томас Страуман, го продава во Британија, познатиот автомобил на Џемс Бонд, „Астон мартин“, за три милиони фунти.Британскиот спортски автомобил, со скриени митралези и таканаречениот „smoke screen“, е опишан како „најпознатиот автомобил во светот“, од дилерот на Surrey, Ричард Стјуарт Вилијамс.Страуман, кој има акции во фирмата за стоматолошки импланти, основана од неговиот дедо и татко, го купил автомобилот Aston Martin DB5 во 2006 година.Потрошил три години на реставрирање на автомобилот кој го возеше Шон Конери, во британската шпиунска акција за Џемс Бонд, „Goldfinger” и  „Thunderball”.Откако го купил за 2,7 милиони швајцарски франци на аукција во САД, Страуман потрошил 3.000 часови за да го доведе автомобилот до совршена состојба.Страуман распродава дел од своето сопствеништво во последните неколку месеци откако вредноста на акциите од најголемата фирма за забни импланти во светот, падна.Така, тој продаде 10 отсто од неговите акции, во ноември на Инвестициската корпорација на владата на Сингапур.Продаде и хотел со пет ѕвезди, а уште еден стави под хипотека, но ги продаде и мнозинството акции  од фирмата за часовници H. Moser & Cie.Според „Bloomberg“ бизнисменот кој пред две години вредеше 1,18 милијарди долари, сега вреди само 780 милиони.Во 2009 година, во сите хотели кои ги поседува Страуман, се појави брошура со информации за сите репарации направени на автомобилот на Бонд и им беше делена на гостите.Автомобилот „Aston Martin“ може да се пофали со митралези скриени зад предните фарови, параван и стакло отпорно на куршуми, што самото искокнува по потреба.Но, сепак недостасува еден од гаџетите по кој беше познат овој автомобил. Во репарацијата `страдаше` катапултирањето на возачкото седиште.
МакфаксШвајцарскиот бизнисмен, Томас Страуман, го продава во Британија, познатиот автомобил на Џемс Бонд, „Астон мартин

Пронајдете не на следниве мрежи: