Се продолжува времениот престој на поплавените до 1 април

Владата на седница донесе одлука до 1 април да се продолжи рокот за времениот престој на лицата од поплавените подрачја во Државниот студентски дом „Томе Стефановски-Сениќ” и Центарот за образование и рехабилитација на деца со оштетен слух „Партенија Зоографски”.Ова денеска го истакна министерот за труд и социјална политика, Ибрахим Ибрахими, кој рече дека не значи дека тој рок е конечен, туку во зависност од условите за враќање може да се продолжи.
– Од увидот на екипите на Центарот за социјална работа на Град Скопје и Гази Баба кај некои веќе се создадени услови и се уште ги користат просториите на Сениќ. Уште еднаш ќе отидам на терен со директорот на Центарот за социјална работа за да провериме ако постојат услови да не се злоупотребуваат институциите и луѓето да се вратат на своите места. Да дозволиме тие средства да се пренасочат онаку каде е потребно, додаде Ибрахими, одговарајќи на новинарско прашање по посетата на новата занимална (доградба) во објектот „Детелинка“ во општината Ѓорче Петров.Ова денеска го истакна министерот за труд и социјална политика, Ибрахим Ибрахими, кој рече дека не значи дека тој рок е конечен, туку во зависност

Пронајдете не на следниве мрежи: