Се расплака Радичевиќ: Бронзата ја посветуваме на хероите што загинаа за Македонија!

Победата на Вардар, веројатно, беше единствената трепкава светлина во мрачниот викенд кој ја обви Македонија, а тоа го знаат и ракометарките. Следат што се случува на 800 километри јужно и со тага зборуваат дека оваа победа ја посветуваат на сите што ги погодија пукањата во Куманово. Солзите не можеше да ги запре Јованка Радичевиќ, апелирајќи дека најважно е да го сочуваме мирот.„Да бидам искрена многу ми е тешко и жал за ситуацијата којашто се случува долу. Луѓе загубија животи, некои останаа без покрив над глава…Ние моравме да играме и ете, ако им е малку за утеха, оваа бронза им ја посветуваме на сите нив. Апелирам, најважно е да го сочуваме мирот и се надевам дека ситуацијата набргу ќе се смири“, изјави Јованка со плач во гласот.
Не дека и без тоа е трагично, но таа сигурно посебно ја доживува трагедијата во Македонија, затоа што е свршеница на голманот Дино Захов и наскоро и официјално треба да стане македонска снаа. Што се однесува до мечот против Динамо и тоа им било тешко, ноќта ја поминале будни мислејќи како да се оддолжат на навивачите.
„Не беше едноставно да ги вратиме мислите и телото во нормала. Да не видевте утрово никоја од нас не спиеше и едноставно се плашевме како ќе ја одиграме и оваа пресметка. Тоа го направивме и колку-толку ја ублаживме болката на сите овие луѓе кои дојдоа да нѐ поддржат. За вчера жал ми е што загубивме на таков начин, што не се боревме повеќе. Верувам дека поразот ќе ни помогне за следната сезона и ќе ни биде патоказ. За мене оваа бронза е како злато и верувам дека следната сезона ќе биде подобро“, додаде Радичевиќ.
Извор:Спорт Медиа„Да бидам искрена многу ми е тешко и жал за ситуацијата којашто се случува долу. Луѓе загубија животи, некои останаа без покрив над г

Пронајдете не на следниве мрежи: