Се разболеле началниците поставени од Спасовски кои требаше да бидат разрешени!

Началниците на секторите за внатрешни работи на Куманово и Струмица се на боледување, објави Алфа.Нивното боледување се поклопува со терминот кога требаше да ги напуштат началничките функции, на кои ги постави, министерот за внатрешни работи од Пржинската влада, Оливер Спасовски од СДСМ.
Според законот началниците не може да бидат разрешени од функцијата, се додека се на боледување, иако, во решенијата што им ги даде Спасовски во септември,  стои дека тие ќе бидат началници се до објавувањето на официјалните резултати од предвремените парламентарни избори.
Началникот на СВР Куманово стана актуелен во јавноста два дена по завршувањето на изборите. МВР по наредба од обвинителството и Судот од домот на началникот одземаа докази поради сомнеж за злосторничко здружување и злоупотреба на службената положба и овластување, а началникот за тоа време пред својата куќа како на митинг одржа говор качен на џипот на специјалците, обвинувајќи ги дека тие и инспекторите биле „бандити на Зврлевски“.
Со завршувањето на мандатот на владата договорена во Пржино, заврши мандатот и на 11 началници кадри на Спасовски, кои беа распоредени  во 7 сектори за внатрешни работи, во единицата Алфи, како и одделот за информатика и телекомуникации, гонење организиран криминал и во секторот за прикриени операции.
И примопредавањето на министерската функција во МВР денеска помина тивко, без камери и новинари. Спасовски функцијата му ја предаде на Агим Нухиу, кадар на ДУИ, кој досега ја извршуваше заменичката функција. Oд, МВР, функционерот на СДСМ, Спасовски си заминува со телохранители и службени возила.Нивното боледување се поклопува со терминот кога требаше да ги напуштат началничките функции, на кои ги постави, министерот за внатрешни работи од

Пронајдете не на следниве мрежи: