Откако забележал болни грутки на половиот орган, на Жељко Носиќ, 57-годишен уметник од Загреб, пред две години востановена му е Пејрониева болест. По неуспешни третмани со инекции, во септември 2015 бил подложен на операција.Меѓутоа тогаш му се случило она што е кошмар најверојатно на секој маж: операцијата требало да му помогне, меѓутоа тој завршил без пола пенис. Жељко одлучил својот случај да го раскаже за Проверено.
„Пејрониевата болест е многу добро позната, но за нејзе како и за здравјето на мажите воопшто, ретко се зборува. Кога докторот ми соопшти дека болните грутки ќе мора да се отстранат хируршки, не ме предупреди на импликациите кои ќе ги има. Во тој случај на операција не би се согласил“,вели Жељко.
Откако раните од операцијата заздравеле и за прв пат се погледнал, останал во шок – неговиот пенис бил помал за 6-7 сантиметри.
Одговори на прашањата каде настанал проблемот и зошто никој не го предупредил на последиците од операцијата, од лекарите не добил. Барал објаснување и од Хрватската лекарска комара од каде му е кажано дека се се одвивало според правилата.
Жељко сепак, и понатаму е уверен дека операцијата не била извршена правилно, и тоа планира да го докаже на суд.Меѓутоа тогаш му се случило она што е кошмар најверојатно на секој маж: операцијата требало да му помогне, меѓутоа тој завршил без пола пенис. Жељк