СЕ РАЗБУДИЛА ЗА ВРЕМЕ НА ОПЕРАЦИЈА: „Чувствував како ми го сечат стомакот…“

Сара Њутон (32) од Велика Британија, отишла на операција на желудникот и `рбетот, но не помислила дека во текот на операцијата ќе се разбуди. Имено, нејзе ја подготвувале за операција, и` ставиле опивка во вена и следното на што се сеќава е силна болка.„Почувствував како ме сечат, како целиот стомак да ми е отворен. Не бев сигурна дали сонувам или не. Слушнав како коментираат за крварење и се обидов да вреснам, ама не успеав да произведам звук. Мрдав со прстите, но никој не забележа. Почнав да паничам, мислев дека ќе умрам“ – рече Сара.
Девојката била будна цели 40 минути во текот на својата операција, а прва работа што кажала по хируршкиот зафат е дека „била будна“.
Потоа анестезиологот и признал дека ја променил својата вообичаена процедура на давање одредени анестетици. Болницата поради тоа морала на девојката да и` исплати отштета од 40.000 евра.
И други пациенти кои се буделе во текот на операцијата велат дека не чувствувале болка со полн интензитет, тука само затегнување и гушење.
Најчесто се случува пациентот да го слушне разговорот меѓу докторите и сестрите, а до будење доаѓа поради недволна доза на анестетици или чувствителност на организмот на лекови.„Почувствував како ме сечат, како целиот стомак да ми е отворен. Не бев сигурна дали сонувам или не. Слушнав како коментираат за крварење и с

Пронајдете не на следниве мрежи: