Џесика Доналд (22) од Њукасл, Англија, отишла кај својот пријател Глен Милс за да поразговараат, но заспала на неговиот кауч. Кога ги отворила очите, сфатила дека е потполно гола, а 31-годишниот маж бил над неа.Глен го снимал и фотографирал овој стравичен напад додека жртвата спиела, а Џесика врескала и го молела да се тргне од неа. Пробала да го оттурне, но тој игнорирал сѐ. Ја ослободил откако ја силувал. Џесика некако собрала сили и отишла во својот дом. Се срушила на под и заплакала, а подоцна викнала полиција.
„Она што ми се случи ме погоди многу, но ми е драго што повикав полиција“ – вели мајката на 3-годишно дете.
„Сакам да ги предупредам другите девојки да бидат внимателни. Ова може да му се случи на секого. Одењето во полиција беше застрашувачко, а поголемиот број од жртвите се плаши дека полицијата нема да им верува. Полицијата ваквите напади ги сфаќа сериозно. Сега Глен е осуден и чувствувам дека можам да продолжам понатаму“ – вели Џесика и додава.
„Кога се разбудив бев целосно гола, а облеката беше покрај мене. Бев свесна што се случува, но не можев ништо да направам. Му велев да престане, но тој не ме слушаше. Не можем ништо затоа што е поголем и појак од мене. После седеше како ништо да не се случило. Се чувствував ужасно, безвредно.
Глен е осуден на 6 години затвор и доживотно ќе биде запишан во регистарот на сексуални престапници.Глен го снимал и фотографирал овој стравичен напад додека жртвата спиела, а Џесика врескала и го молела да се тргне од неа. Пробала да го оттурне,