Се разделија фудбалер Муслиман и македонски клуб со крст на амблемот

Екипата на новиот прволигаш ФК Скопје која што пред само три недели потпиша договор со Флорент Османи ќе остане без своето најголемо засилување поради верски причини.
На Османи му пречело што ФК Скопје има крст на својот амблем.
фудбалерот кој во клубот дошол од ФК Лирија од Косово поради верски причини го покривал крстот одредено време, но откако менаџментот му соопштиле дека не смее да го прави тоа, решил да си замине.
„Јас сум голем верник, мојата религија не дозволува такво нешто. Го покривав амблемот одредено време, но од клубот ме гледаа како различен, иако дојдов како големо засилување. Затоа, решив да си заминам“, изјавил Османи за Инфоспорт.
Османи во редовите на Скопје пристигна од косовска Лирија. Тој пред да дојде во ФК Скопје точно знаел дека неговиот сега веќе поранешен клуб има крст на својот амблем затоа што во него играл и пред 9 години кога си заминал поради трансфер во друг клуб.
„На почетокот, во првите две години, јас не го покривав (амблемот) бидејќи не бев многу добар практикувач на религијата, но во последната година јас го покривав и немаше проблеми“, вели 29 годишниот напаѓач кој во периодот од 2008 до 2009 година играл во дресот со крст на амблемот.Екипата на новиот прволигаш ФК Скопје која што пред само три недели потпиша договор со Флорент Османи ќе остане без своето најголемо засилување пор

Пронајдете не на следниве мрежи: