вторник, 24 ноември 2026
Најново

Се реализираат повеќе инфраструктурни проекти во Пехчево

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Заврши изградбата на тротоарот на најфреквентната улица во Пехчево со што се подобри урбаниот изглед на овој дел од Пехчево, но и се зголеми безбедноста на сообраќајот. Градоначалникот Игор Поповски, истакна дека проект е вреден 2,4 милиони денари, а улицата „Истра“ на која се изгради овој тротоар е најфреквентна улица во градот.– Вкупната должина на тротоарот е 200 метри, но овде имаше потреба да се изградат и потпорни ѕидови, а ќе се гради и соодветна ограда. Овој проект го работевме со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот, бидејќи ова е влезна улица во Пехчево од регионален карактер што бараше само по себе соодветно инфраструктурно решение и очекувам дека и пешаците и возачите ќе бидат задоволни, рече Поповски.
Тој истакна дека пролетната градежна сезона, Пехчево ќе ја започни со инфраструктурни проект во населените места во општината.
– Планираме да изградиме по две улици во селата Робово и Умлена, како и пристапен пат во индустриската зона Грозил. Исто така, ќе работиме и на други инфраструктурни проекти кои им се и најпотребни на жителите, како што се канализациони системи, водоснабдителни системи и случно, рече Поповски.
Во моментов за потребите на фестивалот на дувачки оркестри и другите културни манифестации, Пехчево има објавено  тендер  за набавка на сцена, осветлување и озвучување, средствата се обезбедени преку ИПА програмата за прекугранична соработка. – Вкупната должина на тротоарот е 200 метри, но овде имаше потреба да се изградат и потпорни ѕидови, а ќе се гради и соодветна ограда. Овој п

Поврзани вести