Се реализираат повеќе проекти во Кавадаречкиот музеј

Се реализираат повеќе проекти во Кавадаречкиот музеј, информираше денеска директорот на оваа културна установа Петре Камчевски, по повод денот на музеите. Тој појасни дека сите проекти се од програмата за национален интерес и поддржани од Министерството за култура на Република Македонија.– Три од проектите се едукативни. Тие се од областа на археологијата, историјата на уметност и етнологијата. Се реализираат заедно со учениците од специјалната паралелка од основното училиште „Страшо Пинџур”, соопшти Камчевски.
Тој додаде дека се изработуваат и четири кратки монографии за најважните настани од историјата на селата Барово, Дабниште, Чемерско и Рожден.
Камчевски го спомена и проектот за евидентирање и документирање на спомениците од НОБ и Илинденскиот период на територијата на општината Кавадарци.
Директорот на музејот ја најави и изложбата на Стефан Хаџи Николов за следната седмица.– Три од проектите се едукативни. Тие се од областа на археологијата, историјата на уметност и етнологијата. Се реализираат заедно со ученици

Пронајдете не на следниве мрежи: