Се реконструира стариот пат Прилеп- Битола!

Деновиве интензивно се одвива втората фаза од реконструкцијата на стариот пат Прилеп-Битола, Р106, поточно од н.м. Тополчани кон Прилеп во должина од 5 км. Инвестицијата изнесува 15 милиони денари, а парите се обезбедени од Владата и Јавното претпријатие за државни патишта.„Патот се реконструира по барање на жителите од овој крај и малото стопанство од Пелагонискиот регион. Патот ќе биде комплетно реконструиран, а ќе се постави и нова вертикална сигнализација. Ланибеа реконструирани исто така 5 км. од овој патен правец, како прва фаза од проектот, инвестицијата тогаш изнесуваше 10 милиони денари. Преостанатите 5 км. ќе бидат реконструирани наредната година со што оваа делницаво 2018 ќе добие комплетно нов слој на асфалт преку целата должина“, рече Гоце Стефановски, раководител на Македонија пат – Прилеп.
Увид во градежните активности изврши и градоначалникот на Прилеп, Марјан Ристески, кој истакна дека овој пат е една од поважните сообраќајни артерии за Општина Прилеп.
 
„Ова е еден од најфрекфентните патишта во Пелагонискиот регион кој се користи не само од жителите кои живеат во населените места кои гравитираат околу овој крај, туку и од сите оние кои се занимаваат со земјоделство,имаат свои имотитука или се занимаваат со некаков друг бизнис во овој крај. Реконструкцијата на патот беше едно големо барање кое произлезе од состаноците со месните заедници од сите населени места“, изјави Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.
Со реконструкцијата на овој пат многу ќе се подобрат условите за превоз на стока и патници, но ќе се зголеми и безбедноста на оваа делница.„Патот се реконструира по барање на жителите од овој крај и малото стопанство од Пелагонискиот регион. Патот ќе биде комплетно реконструиран,

Пронајдете не на следниве мрежи: