Се родиле без вагини а денес имаат фантастичен секс?!

Благодарејќи на достигнувањата на современите науки, четири жени кои пред кои пред неколку години имплатирале вагини , денес имаат потполно нормален сексуален живот.Сигурно се сеќавате на приказната за убавицата Џеки Бек, која на своите 17 години дознала дека е родена без вагина и дека никогаш нема да може да има секс. Меѓутоа, нејзината судбина сепак не била воопшто црна, бидејќи медицината може да направи вистински чуда.
Тимот на уролози за биоинжињеринг, во Северна Калифорнија во изминатите неколку години успеале „да направат“  4 вештачки вагини во лабараторијата и ги имплантирале на 4 жени кои се родени без нив.
Овие жени се родени со Мајер- Рокитански-Кистер- Хаузеров синдром, што значи дека уште додека биле во мајчината утроба, не им се развил репродуктивен систем.
Со МРКХ синдромот се раѓа една во 4,500 жени а поголемиот број  од нив дознава дури во моментот кога се обидува да ја изгуби невиноста.
Членовите на стручниот тим, на чело со професорот Ентони Аталом, земале од секоја девојка примероци од епителните и мускулните ќелии од предните гениталии и потоа во лабараторијата ги генерализирале вагините.

За да им вградат вештачки вагини, хирурзите прво морале да го пробијат каналот во пределот на карлицата. Потоа новото тквио се поврзува со веќе постоечките органи во телото на жената.
Сето тоа било успешно направено и тие добиле потполно функционални органи.
Дкторите 8 години ги прателе своите пациентки и велат дека сите четири денес нормално ја чувствуваат сексуалната желба, и имаат безболен секс и доживуваат неверојатен оргазам!
 
 
 Сигурно се сеќавате на приказната за убавицата Џеки Бек, која на своите 17 години дознала дека е родена без вагина и дека никогаш нема да може да и

Пронајдете не на следниве мрежи: