Се сакале од 8 години, починале после 75 години од бракот: Еве како…

Се засакале кога имале само 8 години. Биле заедно целиот живот и по 75 години совршен брак- починале во растојание од 1 ден. Но, непосредно пред смртта им се исполнила последната желба. Приказната која го расплака целиот свет можеби нема среќен крај, но ќе ви ја врати вербата во љубовта.Жанет и Алехандер Точка се редок пример за пар кој се држи до оној брачен завет- додека смртта не не раздели. А кај нив случајот е буквално таков.
Двајцата се родени во 1919 година во Конетикату, како деца на полски емигранти. Иако биле заедно од своето детство, се венчале во 1940 година а набргу потоа Алехандер отишол во војска. Неговата драга верно го чекала и тој навистина се вратил.
Потоа одлучил да се пресели во Њујорк и да се занимава со ,маркетинг а Жанет одела секаде со него. Потоа повторно се преселиле во Сан Диего, каде отворил студио за фотографирање, а таа му била главниот стилист.
Не само што живееле заедно и создале семејство туку овој пар секој ден го поминувал нераздвојувајќи се.
Како што кажуваат нивните деца, овој пар целиот живот имал љубовна афера- еден до друг.
Срцата им куцале како едно.
Меѓутоа годините си го направиле своето. Алехандер бил страствен голфер и еден ден паднал и го повредил кукот. Легнал во кревет и здравјето започнало да му се влошува. За да не ги раздвојуваат болничарите го донеле креветот во неговата куќа и го оставиле да лежи покрај својата жена.
Како му било полошо така и на неа и било се полошо. Одеднаш прашала кој датум е и дали можеби е 29 јуни? Тоа бил денот од годишнината на нивниот брак. Децата и рекле дека е , иако не било така. Така двајцата пред прагот на смртта ја доживеале својата 75 година од бракот и им била исполнета последната желба.
Алехандер починал неколку дена покасно. Починал така како што сакал. Држејќи ја раката на својата жена. Таа го прегрнала и му рекла – „Гледаш, почина така како што сакаше, во моите раце, те сакам…чекај ме стигнувам брзо“
Како и секогаш, го следела својот маж до крајот. Починала уште следниот ден. Жанет и Алехандер Точка се редок пример за пар кој се држи до оној брачен завет- додека смртта не не раздели. А кај нив случајот е буквално таков.

Пронајдете не на следниве мрежи: