Се сеќавате ли на “Чипичаните”

(Тамагочи) Тоа се оние рачни дигитални играчки(животни), создадени во Јапонија од Акихиро Иокои од Виз и Аки Маита од Бандаи. До 2010-тата година преку 76 милиони чипичани се продадени во светот. Повеќето од чипичаните живеат во мал јајцевиден компјутер со поврзан најчесто со 3 копчиња, но секако бројот на копчињата варира во зависност од различните верзии.
Според Бандаи, името е составено од јапонскиот збор  “たまご” (tamago),кој значи јајце и англискиот збот  “watch” (ウオッチ- uocchi), часовник.
Чипичанот е виртуелно животинче со големина на клуч, симулирана игра за луѓе на сите возрасти. Карактеристиките се разновидни и едноставни дизајнирани според животни, предмети или луѓе. Од 2004 со Тамагочи Плус/Конекцијата, вториот бран на чипичани се изработени од различен графични дизајн и игри кои се понапредни од првата генерација. Но сепак, приказната позади игрите потсетува на истото : Чипичаните се мали вонземјански видови кои се наоѓаат во јајце на земјата за да видат каков е зивото и да му дадат шанса на играчот да го израсне јајцето во возрасно битие. Животот поминува низ неколку нивоа на раст и развива различни во зависност од грижата на играчот, со подобро чување се развива битие кое е попаметно, посреќнои кое бара помалку внимание. Играта се разликува многу помеѓу моделите и други модели кои се наречени тамагочу, кој што бара малку или воопшто не бара нега од играчот. Чипичаните имаат голема осноза за забава.
Животниот циклус
Животните поминуваат преку неколку различни етапи од развитокот на животниот циклус. Секоја етапа трае одредено време, во зависност од моделот на играчката и кога ќе достигне нова етапа, играчката заѕвонува и изгледот на животното се менува. Животинчето може да “умре” од недоволна грижа, старост, болести на одредени модели од предатор/грабливец.
Раѓање
Животното го почнува својот живот како бебе, со многу мал, обичен изглед и со поголема стапка на грижа од било која друга етапа. Оваа етапа најчесто трае многу кратко и затоа тогаш неможе да умре безразлика колку малку нега му се пружа.
Детство
Детството обично трае подолго, но бара проста повторлива работа. Оригиналните играчки имаа само една опција за детскиот карактер, но поновите верзии имаат разлицни карактеристики поврзани со фамилија, пол и/или од грижата на оној кој го чува.
Тинејџерство
Оваа етапа обично трае неколку дена и тука најчесто се истакнува добрата или лошата грижа, во зависност од примената грижа во последно време. Животот на животинчето станува поголем и малку покомплексен на ова ниво и може да почне да излегуваат екстремитетите.
Зрелост
Зрелоста беше крајната етапа на првите играчки, се додека играчот не го израсне во зрело битие со карактеристики кои што можат да му го продолжат животот која што инаку не е својствена за обичните. Поновите играчки можат да доживеат и старост. По истекот на неколку дена од зрелоста, животинчето може да се омажи/ожени, па дури и да има ново јајце.
Старост и други етапи
На поновите чипичани животинчињата можат да поминат повеќе години и да станат стари личности. Старите имаат изглед на остарени маж или жена и со слаби екстремитети.
Секојдневни активности
Опциите во менито му даваат на играчот можности да види колку е среќно и колку е гладно животинчето во зависносто од различните видови на чипичан. Животинчето му обраќа внимание на играчот преку свирка или различни изрази на лицето. Видот на храната која што ја даваат, начинот на кој се однесува, чистината на средината и многу други работи влијаат на животниот век.
Спиење
На првите чипичани животинчето не го гасеше светлото само кога одеше да спие. За да се зачува здравјето на животинчето играчот треба да го изгаси светлото на животното.
Дисциплина
Доколку животинчето свирне за внимание, тоа може да значи дека е задоволно и среќно или пак е гладно и му фали внимание. Големината на дисциплината дадена исто така игра улога во одредување на карактерот и на тоа како ќе израсне.
Хранење
Хранењето на животинчето со оброци се состои од пополнување на гладта и жедта, со тоа што му расте нивото на среќа, но сепак треба да се задржи и тежинаѕа. Достигнувањето на “најдобра нега” значи добра здрава тежина како и добро најадено и среќно.
Среќа
Играњето на вакви миниигри со животинче го прави посреќно и со поголеми успеси му се подигнува среќата.
Болести
Болеста е претставена со череп веднаш до животинчето и тоа стои на долниот дел од ектанот, со несреќни изрази. Животинчето може да стане болно од различни причинии може да умре од болест ако болеста не се излечи брзо.
Тоалет
Животинчето може да остава измет на екранот од време на време и може да се разболи ако не се исчистат.
Односи/Врски
Користејќи инфраред двајца играчи можат да се поврзат со нивните чипичани и со животинчињата да играат заедно, да градат пријателство, разменуваат подароци дури и да стапуваат во брак.
Стапување во брак и фамилија
Поновите играчки ја имаат и оваа опција да стапуваат во брак и да имаат потомци. Две зивотни кои се машко и женско можат да се поврзат и да можат да развијат пријателство и да се заљубат. Откакао ќе стапат во брак женката ќе има две нови јајценца, едното го задржува за неа, а другото го доставува на машкото.
Смрт
Слабата нега може да биде причина животинчето да умре, но исто така причина може да биде и староста. Доколку едно старо животинче умре без потомство, фамилијарнаат врска престанува. Постарите чипичани имаа дух или костурска глава кога ќе умреше зивотинчето, но на поновите верзии се појавуваше ангел или едноставно НЛО за да значи дека се врака дома на неговата планетата.
Но, каде исчезнаа денес? Можеби компјутерските игри и игрите на мобилните телефони ги заменија?
Како и да е тие ќе ни останат како еден интересен дел од нашето детство, а пак доколку некој е заинтересиран повторно да си купи можете да ги најдете на пазарите. 
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.(Тамагочи) Тоа се оние рачни дигитални играчки(животни), создадени во Јапонија од Акихиро Иокои од Виз и Аки Маита од Бандаи. 

Пронајдете не на следниве мрежи: