Пред нешто повеќе од месец дена светот го потресоа фотографи од Нигерија на кои се гледа изгладнето три годишно дете кое населението го обвини дека е вештер. Го спасила хуманитарната работничка Ања Рингрен Ловен и му го дала името Хоуп, што во превод значи надеж. Ловен сега објавила фотографија на која се гледа насмеано дете во далеку подобра здравствена состојба од она од минатиот месец.„Тој ден кога за прв пат го носев ова мало слатко, мало момче за прв пат не бев сигурна дали ќе преживее. Нему секој ден му бил борба и не сакав да умре без име, без достоинство, па го нареков Хоуп“, напишала Ловен на Фејсбук страната на својата организација, која во Нигерија им помага на децата обвинети за вештерство.
„Хоуп за мене е посебно име. Не само поради значењето, туку и по тоа што претставуваат самите букви. Пред многу години тие букви ги истетовирав на прстите, бидејќи тоа за мене значи „Help One Person Everyday“ (помогни на една личност секој ден).
Милионска донација
Момчето било напуштено во подрачјето Ојо бидејќи било обвинето за вештечарење, а Ловен тогаш му дала вода и храна. Фотографијата од Ања и момчето ги поттикна луќето да донираат повеќе од милион долари во нејзината организација, која им помага на децата обвинети за вештечарење.
„Тој ден кога за прв пат го носев ова мало слатко, мало момче за прв пат не бев сигурна дали ќе преживее. Нему секој ден му бил борба и не са



