Се сеќавате ли на овој брачен пар со осум дечиња? Е, веќе не се пар, а ни децата не се мали!

Јавноста ги заозна Џон и Кејт Гослин кога, по близначките, добиле шесторка. Веднаш добиле понуда за реалити емисија, која веднаш ја прифатиле, не насетувајќи дека тоа заескогаш ќе им ги промени животите- и тоа не на добро.Џон и Кејт биле брачен пар- се венчале кога имале нешто повеќе од 20 години и верувале дека нивната љубов ќе трае засекогаш. Сакале веднаш да станат родители, но не им пошло од рака, па се одлучиле за вештачко оплодување. И девет месеци подоцна, на 8-ми октомври 2000 година , добиле близначки, Кара и Меди.
По две години посакале уште едно дете. Но, повторно природата не била согласна со тоа, па се одлучиле за вештачко оплодување. Овој пат, на 10-ти мај 2004 година, добиле нешто повеќе отколку што планирале- дури шест деца, односно уште три девојчиња, Алексис, Хана и Лија, како и три момчиња, Ејден, Колин и Џоел.
Со тоа станале родители на осум деца и идеални кандидати за сопствено реалити шоу, за кое добиле примамлива понуда, веднаш потпишале договор и го изложиле сиот хаос на своите животи пред милиони гледачи.
Во почетокот публиката го сакаше ова семејство, ги следеше нивните доживувања, за подоцна да откријат дека во бракот на Џон и Кејт не цветаат ружи.по неколку месеци шушкање и нагодување што е со нив, и кога Џон беше фатен со друга жена, се потврди дека на нивниот брак му дошол крајот.
Џон престана да ја снима емисијата и во меѓувреме стана ди-џеј, ги менува девојките, но среќа се уште не пронашол.

 Од друга страна, Кејт продолжи да снима, па сега, наместо „Џон и Кејт плус 8“ емисијата се вика само „Кејт плус 8“, се шушкаше дека со години била во врска со својот телохранител, дека има финансиски проблеми, дека ги малтретира децата… Таа и понатаму ја „фура“ својата приказна, дури и сама се понудила за Плејбој, но тие љубезно ја одбиле, објаснувајќи ѝ дека едноставно не сакаат да објават нејзини разголени фотографии. Минатата година се впуштила во романса со милионерот Џеф Прескот, но тој ја оставил за помлади.
Иако рејтингот на оваа емисија нагло падна по разводот на парот, па едно време емисијата беше и укината, оваа строга мајка и нејзините осум деца, од кои две се веќе тинејџерки, се вратија на екраните во голем стил.
А еве како сега изгледаат!
Џон и Кејт биле брачен пар- се венчале кога имале нешто повеќе од 20 години и верувале дека нивната љубов ќе трае засекогаш. Сакале веднаш да стана

Пронајдете не на следниве мрежи: