Се сеќавате ли на вашето детство?

Се сеќаваш ли кога бевме деца:
-од WC викавме “Мамо! Готов сум”
-ѕвоневме на вратата на комшијата и бегавме
-гo истуравме цело tic-tac пакетче во уста и од него пиевме вода
-мразевме кога на роденден ќе ни подареа облека наместо играчка
-пиевме сок од јаболка или вишна и се преправавме дека пиеме вино
-гледавме цртани во 7 и 15, а потоа знаевме дека е време за спиење
-најстрашниот човек беше “старо купувам”
-жмуревме кога на ТВ ќе имаше љубовна сцена
-им се кривевме на луѓето кој возеа зад нашиот автомобил
-пушевме грисини
-фаќавме снегулки со јазикот
-нуркавме во када
-кога казната беше да одиме на спиење порано се правевме дека сме мртви во креветот кога некој ќе влезеше во собата
-правевме шатори од столици и ќебиња
-си игравме купувач и продавач
-читавме стрипови и се разменувавме со нив
-крадевме цреши, јаболка, круши и цвеќиња
-војувавме со децата од другото маало
-правевме чатали, стрели и пушки на тапи
-се радувавме на сите вујковци и чичковци од Америка, Германија…
-распустот го поминувавме со баба и дедо
-наместо креда кршевме цигли за да цртаме на асфалтот
-крадевме песок и цемент и градевме бункери
-си игравме жмурки, камај, џамија, школка, народна
-со брканица се загревавме
-кога трчавме на дождот без никаква цел
-кога раскажувавме филмови на клупа
-кога ги криевме мачињата поголемите деца да не ги најдат
-цел ден игравме фудбал во прашината и кога ќе се вратевме дома, не не препознаваа
-се пукавме со црвенки
-се враќавме дома само да ни дадат сендвич и пак се враќавме надвор
-кога роднините ќе ни дадеа пари за на флипери
-кога сите бевме во банди и имавме тајни
 Детството на денешното дете се сведува на ТВ, компјутер, плејстејшн,
мобилен или на некоја слична технолошка справа.
Драги родители, поклонете им го детството на вашите деца- го заслужуваат!!Се сеќаваш ли кога бевме деца:
-од WC викавме “Мамо! Готов сум”

Пронајдете не на следниве мрежи: