Се шетале на плажа и пронашле порака во шише која патувала 40 години, а во неа пишувало…

Порака во шише кое е фрленo во државата Вашингтон во 1975 година плутала 40 години, и пронајдена е минатиот месец на плажа на Аљаска.Сузан Кордел и нејзината пријателка Ејми Хејнкел на плажа во Порт Таусенд во летото 1975 година напишале едноставна порака, ја ставиле во зелено шише и ја пуштиле во вода.
„Здраво, ние сме Сузан Кордел и Ејми Хеинкел и одлучивме да оставиме порака во шише. Доколку  ја пронајдете, ве молиме контактирајте не“, напишале тие и оставиле адреса.
Четири децении подоцна, пораката ја пронашле Мики Стазел и нејзниното момче Кевин Исил во почетокот на април додека шетале по плажата.
„Мики и Сури, нејзиното куче, отидоа на исток, а јас отидов на запад. Кога повторно се  сретнавме таа имаше шише. Бевме возбудени. Толку возбдени што не можевме да дочекаме да дојдеме дома и да ја прочитеме пораката. Одлучивме веднаш да го скршиме шишето“, рекол Кевин.
Кога стигнале дома, побарале на интернет и ја пронашле Сузан Кордел која живее на Хаваите.
„Дали сте вие Сузан Кордел од Порт Таунсенд? Доколку сте, ја пронајдовме вашата порака“, ѝ напишале на Сузан.

„Се сеќавам како низ магла дека го сторив тоа па веднаш им одговорив дека тоа бев јас. Јас су научник и јасно ми е колку е ова скоро невозможно да се случи. Поради тоа сега се чуваствувам како сето ова да е нереално“, заклучила.
Таа е изненадена како шишето  не се скршило и завршило на плажа.
„Мислам дека јас и пријателката набрзина ја напишавме пораката, пронајдовме шише и ја ставивме пораката“, рекла Сузан и додала дека тогаш „само биле во гoдини во кои имаш чувство дека светот е толку голем и дека сакаш да бидеш дел од таа величина и сакаш да доживееш некоја авантура“.
Сузан Кордел и нејзината пријателка Ејми Хејнкел на плажа во Порт Таусенд во летото 1975 година напишале едноставна порака, ја ставиле во зелено ши

Пронајдете не на следниве мрежи: