Се шири нацизмот меѓу германските деца!

Скоро цело одделение во последната година од образованието во едно основно училиште во Германија, се испитува поради користење на нацистички термини при меѓусебно допишување.Како што пренесува германски „Билд“, родителите и официјалните претставници на училиштето се изненадени од фактот дека 29 деца во текот на училишниот ден, на часовите се допишувале преку апликација за смартфони, користејќи термини како „Зиг Хајл“ (Sieg Hell).
Исто така, учениците на социјалните мрежи поставиле и фотографии со нацистички поздрави, а текстуалните пораки кои ги разменуваат често содржат антисемитски и пронацистички пораки, со возвишување на ликот и делата на Адолф Хитлер.
Родителите и наставниците се мошне исплашени поради ваквото однесување и поради фактот дека во Германија повторно се шири нацистичко однесување. Државните власти најавија остри казни и нулта толеранција за промовирањето на нацистичка идеологија.
Секое јавно истакнување на нацистички симболи и пароли е строго забрането во Германија, а за прекршоците од тој тип предвидени се затворски казни до 6 месеци. Како што пренесува германски „Билд“, родителите и официјалните претставници на училиштето се изненадени од фактот дека 29 деца во текот

Пронајдете не на следниве мрежи: