Бакнежот на празникот Св. Валентин за еден пар отиде во погрешна насока, кога 51 годишната Елен Кук на своето момче му одгриза парче од јазикот среде една расправија. Таа моментално се наоѓа во затвор во Чикаго, а со момчето на кое му го одгриза јазикот беше во врска речиси 10 месеци.
Парот се скарал вечерта на Св. Валентин, но ситуацијата станала сериозна кога двајцата се вратиле во нејзиниот стан во едно од предградијата на Чикаго. После долгата расправија, Елен го замолила 47 годишниот партнер да си замине, но тој одбивал, молејќи ја за бакнеж. Во тој момент, таа му го одгризала јазикот.
Според зборовите на тужителите, момчето го ставило парчето јазик во ќесичка со мраз и веднаш заминал во најблиската болница. Сепак, за жал, докторите не биле во можност да му го сошијат парчето за јазикот.
Но, она што е дополнително интересно во оваа бизарна приказна е фактот дека дечкото на Елен е загрижен за неа: „Жал ми е и тешко кога ќе помислам дека таа седи во затвор. Навистина не сакав вака да излезат работите, но тоа е надвор од моја контрола“.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Бакнежот на празникот Св. Валентин за еден пар отиде во погрешна насока, кога 51 годишната Елен Кук на своето момче му