Се слави маченикот кој пострада со 4000 Христијани

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 6 ноември. Денеска е Св. маченик Арета.Свети Арета беше управник на градот Негран, Јужна Арабија. Во негово време со таа земја владееше некој евреин, кој сакаше да ги истреби христијаните од својата земја. Тој го опколи Негран и некое време безуспешно се обидуваше да го освои, а потоа им вети на граѓаните дека ќе го остави градот ако му ги отворат капиите за да го собере данокот.

Христијаните поверуваа и го пуштија во градот. Тогаш Данаан го повика Арета, свештениците и првенците кај себе и ги погуби. Потоа, неговата војска го испокла народот. Свети Арета, заедно со околу 4000 христијани, пострада во шестиот век.
Светиот маченик Арета е заштитник на невините и немоќните кои на денешен ден, како што велат преданијата, треба да му се помолат со следниве зборови: „Со страдањата на Светите, кои настрадале за Тебе, исцели ги нашите болести, Те молиме“. Се верува дека ако искрено се кажат молитвите, помошта ќе пристигне и ќе се исполни секоја молитва.Свети Арета беше управник на градот Негран, Јужна Арабија. Во негово време со таа земја владееше некој евреин, кој сакаше да ги истреби христијанит

Пронајдете не на следниве мрежи: