Во јужна Албанија, албанските полициски служби соопштија дека во досегашната акција во селото Лазарат, се уапсени повеќе од 10 лица за кои постои сомнеж дека се организатори на производството на дрога во ова село и лица кои давале вооружен отпор за време на акцијата на органите на редот.Во акцијата учествувале 800 припадници на албанската полиција кои успеале да уништат повеќе од 25 илјади корени од растението „Канабис сатива” и заплениле околу 10 тони марихуана која веќе била подготвена за продажба.
Меѓу уапсените е и „шефот на дрогата” во Лазарат, Разип Гате Махмутај (46), познат на албанската јавност за криминални дејствија кој според албанските медиуми пред повеќе години бил осуден на 24 години затвор, но по две години бил помилуван од страна на поранешниот претседател на Албанија, Алфред Мојсиу.
Во селото се уште се слушаат пукотници , а албанското МВР информираше дека акцијата ќе продолжи.
Полициските служби бараат од населението да го предадат оружјето кое го поседуваат нелегално и да се предадат сите оние кои пукаа врз полицијата.
Локалните медиуми јавуваат дека во селото се уште е опасно бидејќи има делови кои се вон контрола на полицијата, каде се кријат групите кои даваат отпор.
Албанската опозиција ја поздрави акцијата, но укажа дека полицијата треба да престане со теророт што го врши врз недолжните жители.Во акцијата учествувале 800 припадници на албанската полиција кои успеале да уништат повеќе од 25 илјади корени од растението „Канабис сатива