Странски туристи се виновни за несреќата што во петокот ја погоди Малезија, во која животот го загубија 16 луѓе, тврди владата на оваа држава. Пред неколку недели, десетмина млади туристи се качиле на „светата планина“ Кинабала, на која потполно голи се фотографирале и уринирале по светите камења на таа планина.Сето тоа беше забележано со камера, но снимените фотографии не биле веднаш поставени на социјалните мрежи, туку неколку дена по земјотресот.
Вицепремиерот Тан Сри Џозеф Паирин Китинган, изјавил дека земјотресот по ваквото „богохулие е доказ дека таа планина е навистина света“ и ги повика сите оние луѓе кои доаѓаат во земјата да се однесуваат со почит кон местaта кои ги посетуваат.
„Луѓето што нѐ посетуваат мора да имаат и почит кон нашите обичаи и верувања“, рекол тој.
Како што рекол тој, низ прозорецот од неговиот дом забележал јато птици кои нагло одлетале од местото на кое се фотографирале туристите и веднаш помислил дека нешто лошо се случило таму.
„И на мојата сопруга ѝ реков дека нешто гадно ќе се случи. Навистина, наредниот ден нѐ погоди земјотрес“, додал тој.
„Против петтемината идентификувани туристи ќе бидат поднесени кривични пријави и тие нема да може да ја напуштат земјата сѐ додека не се разјасни ситуацијата“, рекол локалниот обвинител Датук Масади Манјун.
Туристите предизвикаа бес во Малезија, а на нивниот водач, кој ги опоменал дека се однесуваат недолично, му порачале дека е глупав и да „оди по ѓаволите“. За сето тоа посведочиле и останатите туристи од групата.
Туристите обвинети за земјотресот биле од Канада, Холандија и Германија. Нивните власти во моментот соработуваат со малезиските власти и се обидуваат да смислат како да ги вратат нивните граѓани дома.
Сето тоа беше забележано со камера, но снимените фотографии не биле веднаш поставени на социјалните мрежи, туку неколку дена по земјотресот.