Се спремивте ли за овогодинешното 11-то издание на „Пиво Фест“?

Дали се спремате за стартувањето на 11-то издание на најпознатата музичко-забавна манифестација “Пиво фест 2013″.?!
Градот под Марковите кули – Прилеп и оваа година подготвено ќе ги пречека сите оние кои сакаат, имаат желба и ќе бидат дел од забавата на отворено со многубројните овогодишни познати музички гости. Од општината Прилеп велат дека освен вкусната прилепска скара, пивото… секако дека посетителите и оваа година, како и изминатите претходно, ќе имаат одлична можност за бесплатна забава.
Фестивалот оваа година стартува на 18-ти јули, а како први на сцената да го означат стартувањето на овогодинешното пиво-славење се нашите најпознати поп пејачи: Зафир Хаџиманов, Маја Оџаклиевска, Драган Мијалковски, Вера Јанковиќ и Дани Димитровска, додека како шлаг на оваа прва вечер се секако светски познатите “2Cellos”  кои на сцената ќе отсвират познати светски композиции, а можеби ќе не изненадат и со некоја наша македонска песна во нивна изведба.
Втората вечер 19-ти јули ќе ја отвори Давид Нешкоски Трио познат музичар од Македонија, односно од Прилеп, а веднаш по него na сцената ќе се појават членовите на француската етно-фолк група “Santa Macairo Orkestar” кои со својата музика ќе ве расположат и ќе ве размрдаат, веднаш потоа незаборавниот и посакуван Владо Ѓоргиев кој со своите песни и балади ќе ви ги разнежни срцата, а како за крај на втората вечер на “Пиво фест 2013″ ќе се појави познатата пејачка од Романија Ина која што со својата музика ќе го затвори второто вечерно дружење на пивскиот фестивал.
Третата вечер која што е резервирана за фолк музиката ќе ја отвори нашиот најпознат фолкер Миле Кузмановски, за веднаш потоа на сцената да се појави Соња Тарчуловска. Данијела Мартиновиќ ќе биде следната музичка ѕвезда која ќе се појави пред публиката и која со своите старо-нови хитови ќе ја расположи и распее истата, а ѕвездата на оваа вечер која ќе се појави е познатиот балкански пејач Халид Бешлиќ познат на сите вас по неговата “Мијацка”.
Последната односно четвртата вечер од овогодинешното пиво-фест издание ќе го затвори  Горан Бреговиќ и неговиот познат оркестар за свадби и погреби.
Почнете да се спремате, и имајте убава забава!Дали се спремате за стартувањето на 11-то издание на најпознатата музичко-забавна манифестација &ldqu

Пронајдете не на следниве мрежи: