Доколку сакате да го збогатите своето знаење со разновидни интересни факти, на вистинското место сте. Овој пат зборуваме за занимливостите кои се однесуваат на трепките.Постојат многу работи кои човекот не ги знае за себе и за своето тело. Различните промени кај луѓето се случуваат тивко и незабележително, а станува збор за мошне симпатични занимливости со кои не е лошо да се биде запознаен. Овој пат ќе Ве заинтересираме со интересни факти кои се однесуваат на трепките. Читајте и уживајте.
Горниот капак на окото има околу 200 трепки, додека долниот двојно помалку. Трепките се подолги на средината на капакот отколку на аглите.
Една трепка во просек е долга околу 10 милиметри. Најдолгата измерена трепка била долга 6,4 центиметри.
Трепките се составени од 97 проценти кератин и 3 проценти вода. Тие се всушност создадени од протеини.
Нивниот животен век е околу 90 дена или 3 месеци пред да паднат и да ги заменат нови. Секој ден паѓаат од една до 5 трепки, а за да израсне нова потребно е од 4 до 8 недели.
На рабовите од капакот се наоѓаат од 20 до 30 масни жлезди кои ги подмачкуваат трепките и околу нив. Тоа ги спречува инфекциите, а ако се запушат жлездите може да дојде до јачменче.
Старите Римјанки ги бојадисувале своите трепки со комбинација од сливи и вода.
Кај бебињата во утробата на мајката трепките почнуваат да се развиваат во седмата и осмата недела од бременоста. Постојат многу работи кои човекот не ги знае за себе и за своето тело. Различните промени кај луѓето се случуваат тивко и незабележително, а станув