СЕ ТОПИ ВО УСТА: Лисната погача со сирење

Лисната погача со сирењеСостојки:
– околу 900 гр брашно
– 200 мл млеко
– 2 јајца +една белка
– 6т лажици масло
– 6 лажици јогурт
– 40 гр свеж квасец
– лажичка шеќер
– две лажички сол
И уште:
– 100 гр путер
– 400 гр младо сирење
– една жолчка и малку млеко за премачкување на погачата пред печењето.
Подготовка:

 
Во 200 мл млако млеко ставете шеќер и квасец и почекајте квасецот да надојде. Во брашното додадет ги сите состојки и преостанатото млако млеко и замесете меко тесто, па оставете го да нарасне на топло околу еден час. Путерот оставен на собна температура изматете го да стане мек за да може да се размачкува на тестото. Сирењето ако не е солено, посолете го.
Поделете го тестото на 4 дела и секој од нив расукајте го правоаголно на околу 1 см дебелина. Премачкајте го секој дел со путер, па ставете сирење, преку него ставете го следниот лист тесто, повторувајте ја постапката и со третото парче, а последниот, четвртиод дел од тестото не го премачкувајте со ништо.
Сега со рацете благо притискајте за тестото да се рашири, а да се добие правоаголник со големина од околу 28х40 см. Тестото пресечете го прво на половина па уште два пати, така што да се добијат шест делови од тестото. Секој дел свиткајте го од половина на едната, а другата половина на другата страна. Не ги влечете и не ги растегнувајте деловите.
Припремете го тавчето за печење (30-32 см) и намачкајте го со масло. Во средината ставете го првиот дел, до крајниот дел од тестото кој се превиткува ставете го следното парче, и така со сите 6 траки. Краевите околу 1 см исчете ги и израмнете пред печење. Погачата премачкајте ја со жолчка разматена со лажица млеко. Оставете на топло место уште околу половина час пред печење. Состојки:
– околу 900 гр брашно
– 200 мл млеко
– 2 јајца +една белка
– 6т лажици масло
– 6

Пронајдете не на следниве мрежи: