СЕ ТОПИ ВО УСТА: Торта со јаболки и свежа павлака – „МЕКА како облаче“!

Торта со јаболки!Потребни состојки:
3 помали јаболки
3 јајца
100 гр мек путер
150 гр шеќер
150 гр брашно
50 гр густин
½ кесичка пециво
180 мл свежа павлака
Начин на подготовка:

 
Загрејте ја рерната на 180 степени.
Јаболките излупете ги, исечете ги на четвртини, па на тенки ливчиња. Префрлете ги во помал сад и преку нив исцедете сок од половина лимон за да не потемнат.
Јајцата изматете ги со шеќер додека добро не се запенат. Додадете парчиња мек путер и миксајте додека не се соедини. Брашното помешајте го со густин и прашок за пециво и ставете го во изматените јајца.
Измешајте убаво да нема грутки.
Изматете ја свежата павлака во шлаг.
Додадете неколку лажици од изматената павлака во смесата со јајца и лесно мешајте од дното кон нагоре..додадете го остатокот од изматената павлака и повторно лесно измешајте.
Префрлете во калап за печење, и во тестото забодете листови од јаболка едно до друго.
Печете 30-тина минути. Проверете со чечкалица дали е печена, ако почне премногу да темнее можете да покриете со фолија.
Додека е топла нарисајте шеќер во прав.Потребни состојки:
3 помали јаболки
3 јајца
100 гр мек путер
150 гр шеќер
150 гр брашно

Пронајдете не на следниве мрежи: