Тресењето може да не ве разбуди но ако не спиете сами тоа може да го разбуди партнерот кој спие со вас….Понекогаш во среде ноќ можеби се будите со тресење на сопствените раце, нозе или пак целото тело или пак некој ви напоменува дека се тресете во сон, а сами не сте ни свесни за тоа?
Тресењето во сон се поврзува со нервите, тоа не значи дека сте нешто болни. Се работи за физиолошка реакција и најчесто се случува кога мускулите се опуштаат, веднаш по почнувањето на сонот. Тресењето е знак дека сте многу уморни, и дека сте под стрес.
Но ова се поврзува и со сонот. Ако сонувате некоја активност, движење поголема е можноста да ви се тресат одредени делови од телото.
Тресењето во сон нема да ве разбуди но ако не спиете сами е лошо.
Еве неколку совети :
-Избегнувајте стресни ситуации бидејќи се големи непријатели на здравјето.
-Пред сонот пијте чај од липа или слични мешавини на билки за телото да се опушти пред да легнете.
-Топла купка пред сонот
-Спијте по осум часа.
А ако тресењето и понатаму продолжи посетете доктор. Понекогаш во среде ноќ можеби се будите со тресење на сопствените раце, нозе или пак целото тело или пак некој ви напоменува дека се тресете во сон



