Индонезиската полиција соопшти денеска дека постои стравување дека 13 лица загинале, откако е загубен контактот со полицискиот авион, кој летал кон островот Батам во близина на Сингапур. Лесниот авион „М28 скајтрек“, во кој имало петмина членови на екипажот и осум патници, полетал изутрината од покраината Бангка Белитунг и по 50 минути е загубен контактот со него. Во соопштението се додава дека сите патници и членови на екипажот биле полицајци.
Спасувачките служби соопштија дека ги пребаруваат водите меѓу островите Менсанак и Себангка, наведувајќи дека локалните селани пронашле седиште и чанта, во која имало мобилен телефон и полициски документи.
На снимките на индонезиската телевизија се гледаат полициски унуформи и друга облека извлечена од море, а локалните медиуми пренесуваат дека се пронајдени тела, што се уште официјално не е потврдено. Лесниот авион „М28 скајтрек“, во кој имало петмина членови на екипажот и осум патници, полетал изутрината од покраината Бангка Белитунг