среда, 25 ноември 2026
Најново

Се урна полициски авион во Индоезија!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Индонезиската полиција соопшти денеска дека постои стравување дека 13 лица загинале, откако е загубен контактот со полицискиот авион, кој летал кон островот Батам во близина на Сингапур. Лесниот авион „М28 скајтрек“, во кој имало петмина членови на екипажот и осум патници, полетал изутрината од покраината Бангка Белитунг и по 50 минути е загубен контактот со него. Во соопштението се додава дека сите патници и членови на екипажот биле полицајци. 
Спасувачките служби соопштија дека ги пребаруваат водите меѓу островите Менсанак и Себангка, наведувајќи дека локалните селани пронашле седиште и чанта, во која имало мобилен телефон и полициски документи. 
На снимките на индонезиската телевизија се гледаат полициски унуформи и друга облека извлечена од море, а локалните медиуми пренесуваат дека се пронајдени тела, што се уште официјално не е потврдено. Лесниот авион „М28 скајтрек“, во кој имало петмина членови на екипажот и осум патници, полетал изутрината од покраината Бангка Белитунг

Поврзани вести