– Имам 27 години и никогаш не сум имала дечко, цел живот само учам. Се прашувам дали сум нормална, можеби сум фригидна бидејќи до сега не сум почувствувала никаква сексуална желба, навела девојката во писмото.Девојка од Загреб, која се претставува како Ивана Х. (27), испратила писмо до лекарот кој коментира здравствени проблеми за порталот „Jutarnji.hr“.
Ивана во писмото ја наведе својата возраст, но и какви проблеми ја мачат.
– Имам 27 години и никогаш не сум имала дечко, цел живот само учам. Се прашувам дали сум нормална, можеби сум фригидна бидејќи до сега не сум почувствувала никаква сексуална желба, наведува девојката во писмото.
На ова и одговори докторот Горан Арбанас, кој е психијатар – психотарапевт. Неговиот одговор ви го пренесуваме во целост:
„Луѓето се различни, некој ужива во учење, некој многу повеќе се забавува. Вистинското прашање е што вие навистина сакате. Ако уживате во учењето или сметате дека до сега ви било важно да завршите факултет, тоа е сосема во ред. Но, ако не сте задоволни со тоа што немате врска и сексуална желба, состојбата е малку поинаква.
Прашање е и дали сакате некој со кој би биле во емотивна врска или сакате некој со кој би влегле во сексуален однос. Постојат асексуални личности кои немаат желба за секс, но сакаат интимност, блискост, пријателство. Од друга страна, постојат асоцијални личности кои се згрозуваат од секоја блискост и интимност.
На која груша вие и припаѓате?
Па, јас вашето прашање „дали сум нормална“, би го променил во „што всушност сакам“? И би ви советувал да тргнете во таа насока, а не да си ја чукате главата со тоа дали сте нормални, фригидни или нешто трето.“Девојка од Загреб, која се претставува како Ивана Х. (27), испратила писмо до лекарот кој коментира здравствени проблеми за порталот „Jutarnj



