СЕ ВКОЧАНИЛ кога здогледал писмо од малолетниот син на креветот. Уште повеќе се изненадил од содржината!

Еден татко влегол во собата на синот. Како и секој родител, тој претчувствувал дека нешто не е во ред. Собата била беспрекорно чиста, а и креветот бил наместен.Почнал да се препотува штом здогледал плик на креветот, на кој пишувало „Тато“.
Го очекувал најлошото и рацете почнале да му се тресат додека го читал писмото.
Прочитајте што било напишано:
„Драг тато,
Ти го пишувам ова писмо со огромна тага и каење. Морав да избегам со својата нова девојка, бидејќи сакав да избегнам сцена со тебе и со мама. Мене Стејси многу ми се допаѓа и баш е добра и фина девојка. Но, знам дека никогаш не би ја прифатиле поради нејзините тетоважи, пирсеви и тесната облека, како и поради фактот дека е многу постара од мене.
Но, сега таа е единствената личност за која навистина се грижам. Бремена е. Стејси ми рече дека ќе бидеме многу среќни. Таа има камп куќичка во шумата и залиха на дрва за цела зима. Двајцата сакаме да имаме многу деца.
Стејси ми ги отвори очите и за конзумирањето на марихуана. Всушност, таа никому не му наштетува. Ќе ја одгледуваме во нашиот двор и ќе ја менуваме со луѓето од комуната, за колку екстази и кокаин да посакаме.
Во меѓувреме, се молиме научниците да пронајдат лек за сида за да оздрави Стејси. Секако дека го заслужува тоа.
Не грижи се тато. Имам 15 години и знам да се грижам за себе. Секако дека некогаш ќе ве посетиме да си ги видите внуците.
Со љубов,
Џошуа.
П.С. Тато, ништо од гореневеденото не е точно. Јас сум кај Џејсон. Сакав да те потсетам дека има и полоши работи во животот од извештајот донесен од училиште и наместениот кревет во собата. Јави ми се кога ќе биде безбедно да се вратам дома“.Почнал да се препотува штом здогледал плик на креветот, на кој пишувало „Тато“.
Го очекувал најлошото и рацете почнале да му се

Пронајдете не на следниве мрежи: