Се вљубила во свештеникот од својата црква и…

Мајк(70) и Рејчел Кели (37) се запознале во црквата  во која Мајк бил свештеник. Тие  тврдат дека компатибилноста е многу важна за опстанок на бракот отколку годините. Тие имаат две деца и седум години среќен брак.Кога Рејчел се родила во 1977 година, нејзиниот иден сопруг имал 33 години. Пред да стапат во брак пред седум години и двајцата биле во брак и имале деца.
Нивната разлика во годините ја потресла религиозната заедница во која учествувале и тие. Поради тоа морале да ја напуштат црквата во која Мајк волонтирал како свештеник и да се придружат во друга заедница.

Денес тие двајца имаат хармоничен брак и две деца, Ејдена (4) и Наташа (6), а со нив живееат и децата на Рејчел од првиот брак Келеј (10) и Џесика (12).
Но првите години од нивната врска не поминале така добро.
Кога се запознале во црквата, Рејчел  се уште била мажена, па таа и Мајк одржувале пријателски однос. Но кога нејзиниот брак се растурил, таа се обратила кај Мајк да ја посоветува дали да го остави својот маж.
„Мојот маж отиде со децата, нешто се случи и сфатив дека ми е доста. Го побарав Мајк и го прашав дали може да ми најде некое сместување. Тој побара некои пријатели и ми помогна. Побара недела дена одмор од работа и ми помогна. Беше фантастичен“, вели Рејчел.

Рејчел од претходно почнала да гледа во него нешто повеќе од пријател.
„Не барав љубов и се изненадив кога сфатив какви чувства имам кон Мајк. Никој кон мене не се однесувал така добро, со почит, а ништо да не очекува за возрат“, вели таа.
Мајк тогаш бил сам веќе 15 години, откако се развел од првата сопруга и веќе имал чувства кон Рејчел, па не можел да верува кога  дознал дека и таа го чувствува истото за него.
„Таа беше пријателка во криза, но ми беше привлечна – отсекогаш ми се допаѓаше по малку, дури наколку години пред да завршиме заедно. Бев изненаден што и се допаднав, ваков. Секогаш  велам дека изгледам како слика која ја нацртал Пикасо“, се шегува Мајк.
Наскоро одлучиле да преминат на ново ниво во врската – само шест месеци откако почнале да се забавуваат Рејчел останала бремена.
„Мојот прв сопруг и јас се мачевме да добиеме дете, а бидејќи Мајк има толку години одлучивме да не чекаме“, вели таа.
Денес тие двајца имаат две деца, а со нив живееат и нејзините две деца од првиот брак.
Една негативна работа  која им ја донела нивната врска е тоа што морале да ја напуштат црквата во која оделе, бидејќи заедницата не ја поддржувала нивната врска.
„На почетокот беше многу тешко, но денес разбирам зошто го направиле тоа што го направија. Бидејќи се уште бев во брак, го видоа тоа како изневера, дури и доколку го оставев сопругот пред  било што да се случи со мајк. Но ги разбирам, не сум огорчен ана нив“, рекла Рејчел во емисијата „This Morning“.
Сега работите се смириле и Мајк и Рејчел се среќни. Тие веруваат дека разликата во годините не значи дека нивната врска има помали шанси да опстане отколку врска на пар со приближни години.Кога Рејчел се родила во 1977 година, нејзиниот иден сопруг имал 33 години. Пред да стапат во брак пред седум години и двајцата биле во брак и имал

Пронајдете не на следниве мрежи: