Се вљубив во најдобриот пријател на татко ми- тој е..

Деби Хант (29) од Нов Зеланд се вљубила во човекот кој го нарекувала чичко Мет со својата 24. година. Тој е постар од неа 22 години, ја држел додека била бебе и често ја чувал неа и  нејзиниот брат кога биле мали, но тоа не им пречело да се вљубат еден во друг.Деби е првото бебе кое Мет го држел. Во таа прилика натстанала фотографијата на која Мет ја држи во раце, а нејзиниот татко  на својот пријател му рекол дека може да се ожени со  неговата ќерка  кога ќе порасне доколку  не се ожени претходно.
„Мет ме чуваше мене и мојот брат додека бевме мали. Кога се преселивме, не го гледавме многу. Но кога се вративме во Велингтон, „чичко“ Мет беше женет“, вели Деби.
Мет бил секогаш тука кога и требало било што на Деби. Понекогаш ја возел на училиште и ја враќал. А потоа тој се преселил со својата сопруга.
„Пред пет години ми се јави на Фејсбук и ми рече дека повеќе не е во брак. Сепак, звучеше среќно поради тоа. Јас тогаш не знаев што сакам од својот живот, а тој ме покани во Бризбејн и ми ја понуди својата празна соба. Тогаш ми рече да не го нарекувам повеќе „чичко“ Мет, туку само Мет“, вели таа.
Деби долго размислувала за неговиот предлог, а потоа дознала дека е бремена.
„Сфатив дека животтот кој го водам не е баш најдобар за бебето, сфатив дека ми е потребен нов почеток. Мет веднаш ме поддржа и ми рече дека во собата која ми ја нуди има доволно простор за креветче“, вели таа.
Ја прифатила понудата и отишла во Бризбејн и таму дознала дека е во 10-та  недела од бременоста.
„Беше неверојатно кога го слушнав отчукувањето на срцето. Но на Мет му реков дека ми е тешко  што никој не е покрај мене. Потоа тој ми предложи да одиме да купиме нешто за бебето“
Сепак, таа вечер Деби доживеала спонтан абортус, а Мет ѝ купил карта  и ја пратил кај мајка ѝ и татко ѝ, свесен дека само родителите можат да и помогнат. Кога закрепнала од шокот се врфатила кај Мет.

„Таму најдов работа, а слободното време го поминував со него. Возевме велосипед и се дружевме во природа. По некое време тој стана мој најдобар пријател. Потоа најдовме и заедничка работа. Две години чувавме деца на еден пар.  И двајцата умеевме со децата“.
Потоа таа се вратила кај родителите и тогаш сфатила дека многу  ѝ недостасува Мет.
„По некое време почнавме да се допишуваме и да се гледаме преку скајп скоро секојдневно. Ми велеше дека уживал додека бев кај него. А потоа ме изненади со пршањето дали би можеле да бидеме нешто повеќе од пријатели. Ми застана срцето. Не знаев што да одговорам. Како би можела да бидам во врска со човек кој е постар од мене 22 години, кој е на иста возраст со татко ми? Како би изгледале заедно? Што би помислиле нашите семејства?“

Сепак, одлучила да се обиде и отпатувала кај Мет
„На почетокот ми беше чудно, но потоа прошетавме и  се фативме за рака,  уживав во неговите бакнежи. Тогаш ми призна дека ме посакувал цело време додека бев кај него. А јас сфатив дека го сакам истото, само штио не си признавав. Сфатив дека сме сродни души и чувствував дека се си дојде на свое место. Три дена подоцна Мет ме запроси и јас прифатив“, вели таа.
Но потоа требало да  им соопшти на своите родители.
„Не знаев како ќе го прифатат тоа, па бев збунета. Тие само низ смеа ми рекоа дека знаеле! Забележале дека зборувам само за него откако се вратив“.Деби е првото бебе кое Мет го држел. Во таа прилика натстанала фотографијата на која Мет ја држи во раце, а нејзиниот татко  на својот пријате

Пронајдете не на следниве мрежи: