На актуелниот тениски турнир во Њујорк, се случува револуционерна промена на правилата во белиот спорт.Имено, во мечевите на јуниорите тргна тестирање на времето помеѓу два поена (мажите имаат 25 секунди помеѓу поените, а жените пет секунди помалку).
Ако играчот не упати сервис во даден момент прво добива опомена, а потоа го губи првиот сервис.
Но, засега ова правило е флексибилно и зависи од судија до судија, па поради тоа Тениската федерација тргна во реализација на својот план.
На големиот семафор отсега ќе стои часовник кој ќе го мери времето помеѓу поените.
„Судиите први не се придржуваат кон тоа правило. Играм со Надал околу четири часа, а тој ниту еднаш не добива опомена. Поради тоа навивачите се фрустрирани кога во рок од пет минути гледаат пет поени“ – изјавил Роџер Федерер, кој е најгласен околу воведувањето на ова правило.Имено, во мечевите на јуниорите тргна тестирање на времето помеѓу два поена (мажите имаат 25 секунди помеѓу поените, а жените пет секунди помалку).