Се врати од мртвите: Преживеал бидејќи пиел рибино масло

 „Докторите рекоа дека никогаш нема да може да не препознава, дека нема да биде во можност да го насочи погледот во една точка“Грант пред две години го удрил автомобил при што се здобил со тешки повреди на главата. Докторите рекле дека нема да преживее, но тогаш започна терапијата со рибино масло.
Драмата за семејството од Калифорнија започна во септември 2012 година. Грант тогаш бил 15 годишно момче. Од ударот на автомобил тој заработил тешки повреди на главата и паднал во кома. Докторите рекле дека нема да го дочека утрото. Преживеал но мозокот му бил многу оштетен.
По некое време се разбудил од кома, но не зборувал. „Докторите рекоа дека никогаш нема да може да не препознава, дека нема да биде во можност да го насочи погледот во една точка“- вели неговата мајка.
Родителите се молеле за уште едно чудо. Еден пријател им предложил терапија со рибино масло. Грант почнал да доаѓа при себе и да се потсетува на минатото, но напредокот и понатаму бил многу бавен.
Ја зголемиле дозата на рибино масло, а потоа почнало да се случува чудо. После два дена со интензивна терапија мајката ја разбудил телефонски повик среде ноќ. „Тоа беше он. Разговараше со мене сосема нормално. После тоа одвај заспав, акога станав наутро се прашував дали тој навистина ми се јави. Дали повикот навистина се случи или само сонував,“ возбудено раскажува мајката.

 
Веќе два месеци подоцна после тоа докторите го пуштија Грант од болница. Моментално полека се враќа во нормален начин на живот, а планира и да се врати на училиште. Докторите имаат објаснување.
„Ако во ѕид од цигли се направи дупка, логично е дека ќе го пополните со други цигли. Исто е и со мозокот“, вели докторот Мајк Луистолд.
После неколку месеци Грант се врати во болница да го поздрави персоналот. Го пречекаа со воодушевување. „Тој е наше чудо,“ велат медицинските сестри. 
Грант пред две години го удрил автомобил при што се здобил со тешки повреди на главата. Докторите рекле дека нема да преживее, но тогаш започна тер

Пронајдете не на следниве мрежи: