Ништо не му рекла на сопругот, но советничката и рекла дека мора да разговара со него.Љубовното неверство е секогаш болно, а кога ќе се случи со некој од ист пол, шокот е уште поголем. Читателка на британски Мирор, се пожалила во писмо за тоа со кого го затекнала својот сопруг во кревет кога се вратила од работа.
„Мојот сопруг неодамна беше излезен на забава додека јас бев ноќна смена на работа. Кога се вратив дома, го пронајдов како лежи гол покрај друг маж на нашиот кревет. Двајцата спиеја и ми беше многу страв да ги разбудам, бев во шок и не би знаела што да кажам, па си отидов од дома и преспав кај пријателка“, раскажува несреќната жена.
Додава дека на својот сопруг не му се доближила од тогаш и открила дека и е страв да му се спротивстави.
„Дали ме изневери со маж? Што да правам?“ – се прашува таа…
Советничката од Мирор, Колин, и рекла дека нема друга алтернатива освен да му каже дека не може да се прави дека ништо не видела и сега цело време да биде загрижена.
„Можно е да бил надвор со пријател, се напиле премногу и се срушил на креветот откако се соблекол. Или можно е да е тоа на кое сте помислиле – дека спиел со тој маж. Да сум на ваше место, би му рекла дека не сте го разбудиле бидејќи сте биле во шок и дека поради тоа не знаете што да мислите“, одговара советничката.
Додава дека жената на својот сопруг треба да му каже дека е загрижена бидејќи има афера со маж или затоа што е бисексуалец и тогаш да се соочи со неговиот одговор.
„Знам дека е незгодно и дека се плашите дека ќе добиете одговор каков што не сакате, но тоа е единствениот начин да одите понатаму“, вели советничката.Љубовното неверство е секогаш болно, а кога ќе се случи со некој од ист пол, шокот е уште поголем. Читателка на британски Мирор, се пожалила во пис