Се заканил дека ќе му ја распарчи главата, бидејќи му го убил омилениот лик во GTA

Некои луѓе изгледа премногу серионо ги сфаќаат работите што се случуваат во видео игрите, што навистина станува сериозен проблем.Имено, еден играч до толку му се налутил на неговиот брат кој му го убил омилениот лик во GTA Online, што на крајот морала полицијата да интервенира.
„Почна да ми праќа заканувачки пораки во кои пишуваше дека ќе ме убие, како и дека ќе ги остави мојата сопруга и децата да гледаат како тој ме убива. А ако жена ми заплаче, тој се закани дека ќе ја убие и неа“, изјавил помладиот од двајцата браќа кој има околу 30 години и сакал да остане анонимен.
Човекот кој го убил ликот на својот брат во популарната игра, добил повеќе од 50 заканувачки пораки.
Сѐ завршило така што мажот кој останал без омилениот лик, седнал во автомобилот, преминал околу 80 километри и се појавил на вратата на помладиот брат. Веднаш потоа, тој почнал пак да се заканува и на крајот си отишол. Меѓутоа, тука не бил крајот на драмата.
„Тој повторно утредента се појави на мојата врата. Држеше палка во рацете и се закануваше дека ќе ме убие исто онака, како што јас го убив неговиот лик во GTA“.
На полицајците им беше потребен околу еден час да го приведат насилниот брат.Имено, еден играч до толку му се налутил на неговиот брат кој му го убил омилениот лик во GTA Online, што на крајот морала полицијата да интервенир

Пронајдете не на следниве мрежи: