Се заканува целосно исчезнување на Хаваите!

Една од најочигледните промени на Хаваите би било зголеменото ниво на морето кое до сега расте од 1,3 до 3,8 cm по деценија, во последните 100 години. Студијата предвидува раст на нивото на морето од 30 до 100 cm до 2100 година. Тоа значи дека поголем дел од Ваикики и неговите плажи би биле потопени.Хаваите се познати по совршената клима, меѓутоа токму климата може да биде одговорна за донесување на низа последици поради кои овој рајски остров би бил непретпознатлив. Програмата „Sea Grant“ од Универзитетот Хаваи, тврди дека климата во наредните години би можела да се смени – да стане потопла, посува, со повеќе бури и последично повеќе болести.
Туризмот би исчезнал баш поради овие промени. Оваа студија покажува дека Хаваите ги чекаат високи просечни температури кои ќе влијаат врз животните и растенијата, што ќе доведе до болести како што се денго треската или колерата, како и зголемена концентрација на инвазивните видови.

Исто така, намалувањето на ветровите би ги пореметиле врнежите на островот и би создале периоди на суша, обилни врнежи и поплави.
Истражувачите велат дека не знаат точно каде и како ќе се случат промените, но неодамна дојде до ерозија на плажата на северниот брег на Оаху. За другите промени се очекува да се случат во наредните децении.
Извештајот не е двосмислен кога се зборува за тоа дека климатските промени се неизбежни и дека се случуваат под влијание на ефектот на „стаклена градина“, пишува Хафингтон Пост.Хаваите се познати по совршената клима, меѓутоа токму климата може да биде одговорна за донесување на низа последици поради кои овој рајски остров

Пронајдете не на следниве мрежи: