Мајка на две деца починала поради алергијска реакција на боја за коса. Лекарите не успеале да откријат дали Џули Мекејб е алергична на боја за коса иако 20 пати пред тоа била на доктор.И дале крема за да и ги ублажи појавите, но никаде во картонот не забележала алергија. Џули продолжила да ја користи бојата за коса се додека не претрпела тешка реакција од фарбата.
Нападот и предизвикал проблеми со дишењето, затајување на срцето и оштетување на мозокот.
Никогаш не се разбудила од кома а починала година дена покасно поради акутниот кардио респираторен застој.
Нејзиното семејство мисли дека главниот виновник е ППД, односно парапхенедимин, хемикалија пронајдена во бојата за коса. Сопругот Русел (47) кој живее со нивните деца, Лука (23) и Абигаил (18) бил повикан да сведочи на суд.
Џули била однесена во болница а потоа префрлена во центар за невролошка рехабилитација, но за жал никогаш не се разбудила од комата.
Истрагата покажала дека таа често одела на лекар поради алергијската реакција од бојата за коса и добивала напади на астма и грозница.
Докторот Сен Емот на судот рекол дека Џули со години посетувала лекар жалејќи се на осипот на лицето и вратот како и чувство на топлина. Во 20-те посети кај лекарот се жалела на чешање, воспаление на очите, отечен јазик, осип на вратот и темето.
Лекарите постојано и препишувале бетаметазон за да и ги излечи симптомите, но не било евидентирано дека била алергична на бојата за коса. Тоа било споменато само оној ден кога се срушила и паднала во кома.
Ниту еднаш лекарите не ја советувале да престане да ја фарба косата. Единствениот совет бил само да престане да пуши.
Фарбањето на косата и предизвикало тешки алергијски реакции а со години користената боја за коса постојано и се засилувале реакциите. Алергијската реакција на бојата за коса е доста честа, но анафилактички шок и смрт поради тоа се навистина ретки случаеви.И дале крема за да и ги ублажи појавите, но никаде во картонот не забележала алергија. Џули продолжила да ја користи бојата за коса се додека не пр



