Братот на принцезата Дајана пробал во Велика Британија да го спречи емитувањето на документарниот филм во кој е прикажан љубовниот живот и пропаднатиот брак со принцот Чарлс.Британскиот телевизиски канал Ченел 4 потврди во разговор со братот на Дајана, Чарлс Спенсер дека документарецот сепак ќе биде прикажан како што е предвидено во програмата, на 6 август.
Филмот „Дајана: Со сопствени зборови“ снимен е на основа на видео снимки од 1992 и 1993 година кој ги направил Питер Сетелен, професор по дикција на принцезата која почина на 31 август 1997 година во сообраќајна несреќа во Париз.
Филмот е веќе прикажан во 2004. година на американската телевизиска мрежа Ен-Би-Си по судската битка со семејството на Дајана, но тој никогаш не е прикажан во Велика Британија, иако на интернет е достапен за сите.
Британските медиуми се повеќе и посветуваат внимание на покојната принцеза.
Дајана во филмот говори како размислувала да побегне од Бакингамската палата во ’80-тите години со својот телохранител Бери Манакиј во кого се заљубила, но тој починал во 1987 година во сообраќајна несреќа.
Принцезата дури споменува дека нејзиниот љубовник можеби е елиминиран. Таа говори и за брачните проблеми со принцот Чарлс и го критикува кралското семејство, посебно кралицата Елизабета Втора од која, како што вели, немала поддршка.
На емитувањето на документарецот реагираше и пријателката на Дајана, Роз Монктон.
-Замислете колку тоа ќе го растажи нејзиното семејство, а посебно нејзините синови – истакна Монктон.
Британскиот телевизиски канал Ченел 4 потврди во разговор со братот на Дајана, Чарлс Спенсер дека документарецот сепак ќе биде прикажан како што е