Звучи како виц, но не е. Неверојатната приказна ни доаѓа од Сараево.Девојката од Сараево целиот живот сакала да отвори солариум. Кога конечно успеала во тоа, од необјаснети причини солариумот го крстила по партизанскиот херој Светозар Вукмановиќ-Темпо.
Како вистинска пријателка, Ханка ја повикала Мубера малку да се посончаат пред да одат на работа. Но, за жал, инсталациите во локалот не биле исправни, па на кутрата Мубера најпрво и се запалила облеката, а се завршило со изгореници и пукнати силикони во усните и во градите, пренесуваат босанските медиуми.
Ханка врескала во паника, а бидејќи во локалот се уште немало вода земала средство за чистење од тоалетот и почнала да го гаси пожарот. За среќа, соседите останале присебни, и со вода од нивните станови успеале да го локализираат пожарот до доаѓањето на пожарникарите. Мубера во моментот се наоѓа во болница во потешка состојба.
Докторите наведуваат дека изгорениците воопшто не се проблематични, но заради пукнатите силикони во усните и во градите ќе биде потребно да се извршат повеќе операции. Иако овие информации беа широко медиумски опфатени во Босна, од итната помош и полицијата се уште не е потврдено дали и што точно се случило.Девојката од Сараево целиот живот сакала да отвори солариум. Кога конечно успеала во тоа, од необјаснети причини солариумот го крстила по партизанс