Се засрамил поради една фотографија, а потоа ослабнал 48 килограми. Погледнете како изгледа денес!

Фотографијата од Австрискиот фестивал го обиколи светот и на едно момче му помогна да го смени животот од корен.Имено, Пол Мур (26) лудо се забавувал, а публиката го сними неговиот голем задник. Веднаш потоа, фотографиите ги обиколија социјалните мрежи и насловните страни на повеќе светски магазини.
Многумина давале негативни коментари, велеле дека е „одвратен“, „дека треба да се самоубие што е толку дебел“ и слично. Но, тогаш еден пријател му се јавил на Пол за да му каже што се пишува за него на социјалните мрежи.
„Ми рече дека не би требало да погледнам, но имав потреба да видам за што станува збор. Бев вознемирен, коментарите беа ужасни, навистина вознемирувачки“ – рекол Пол и додал дека без оглед на сѐ сепак одлучил да види што пишуваат луѓето за него.
„Во почетокот им дозволив да ме повредат. Направија да се чувствувам многу лошо, депресивно и полека да почнам да тонам. Морав да преземам нешто. Одлучив да се спасам од таа лудница и да почнам да мислам на себе“ – вели Пол.

Почнал да тренира и ја сменил исхраната. Три пати неделно вежбал во теретана, а се хранел исклучиво со здрава храна. Изгубил 45 килограми за 8 месеци, а набрзо уште 3. Меѓутоа, тоа не му било доволно бидејќи сакал да ослабне вкупно 76 килограми.
Пол рекол дека во тој период пиел пет дена неделно и се прејадувал, а сега пие само еднаш во две недели, а внесува сѐ помалку храна. По некое време одлучи да ги посети пријателите во Мелбурн со коишто бил на фестивалот.
„Ги видоа моите фотографии на Фејсбук и не можеа да поверуваат дека сум тоа јас. Едвај чекам да им ги видам изразите на лицата кога ќе ме видат во живо. Отсекогаш бев самоуверен, но сфатив дека дури сега се чувствувам силно. Сакам да одам во шопинг, а кога ќе ја погледнам старата облека и кога ќе помислам дека баш бев огромен пред само година дена, почнувам да се смеам“ – наведува тој.Имено, Пол Мур (26) лудо се забавувал, а публиката го сними неговиот голем задник. Веднаш потоа, фотографиите ги обиколија социјалните мрежи и насл

Пронајдете не на следниве мрежи: